речник контакт

Кој е кумот?

На официјалните покани за чевствувањето на Денот на општината и на 55 годишнината на КУД Керамичар се појави иста грешка.

Петар Печков

На официјалните покани за чевствувањето на Денот на општината и на 55 годишнината на КУД Керамичар се појави иста грешка.

Место на одржување на концертот на керамичарите е назначена „Парк спорт“ иако истата сеуште е со име „25 мај“. Надлежен за именување на улици, плоштади, јавни објекти и други институции на локално ниво е Советот на општината, а тој за изминатите 15 години откако функционира не донел одлука со која ќе ја преименува салата „25 мај“ во „Парк спорт“.

\"\"

Ова е втор гаф на „Керамичарите“ откако како дел од организациониот одбор на Фолклорниот фестивал „Велес“ меѓу знамињата на сите земји учесници го закачи и знамето на областа Санџак од Србија, иако сите други беа со државните знамиња. Така полјаците, хрватите, турците беа само со државното знаме а гостите од Нови Пазар со две знамиња.


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »